Наќе Чулев, поранешниот технички министер за внатрешни работи, преку Фејсбук ги повика граѓаните да го поддржат протестот што го организира Синдикатот на полицијата во Македонија.
„Денес е Европскиот ден за човекови права, а искуството во изминатиот период покажа дека тие грубо се кршат и злоупотребуваат. Вработените во Министерството за внатрешни работи заслужуваат подобри услови и почитување на нивните права, а тоа значи достоинствен живот. Сите заеднички можеме да го постигнеме тоа. Професионализмот во полицијата мора да се врати!Ве повикувам заеднички да дадеме поддршка на настанот кој ќе се одржи во вторник (27.10.2020 година) и истовремено апелирам да се почитуваат неопходните протоколи за заштита на здравјето, напиша Чулев.