Лестер го победи Арсенал со 1:0 вечерва на гостински терен во мечот од 6. коло на англиската Премиер лига. За „Лисиците“ ове беше прв триумф кај „Топџиите“ по цели 47 години.
Единствениот гол на натпреварот во 80. минута го постигна Џејми Варди.
Најдобриот стрелец на Лестер влезе во игра во 60.минута и погоди за триумф 20 минути подоцна.
За него ова е 11. погодок на 12 настапи против Арсенал во првенството. Само поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни има повеќе од него (вкупно 12).
Во исто време, Варди е најдобар стрелец во Премиер лигата на гостински терен против „топчиите” со пет гола.
По оваа средба, Лестер со 12 бода е на четвртото место во поредокот, Арсенал со 9 бода е на 10. позиција.