На патрола на српската полиција било пукано од територијата на Косово и Метохија, денеска во близина на административната граница, јавуваат српските медиуми.
Инцидентот се случил денеска околу 17 часот, а полицајците биле нападнати кога интервенирале по пријава на кражба на дрва во шума во околината на Куршумлија.
При тоа од огнено оружје биле истрелани неколку истрели, но за среќа никој не бил повреден.