Најавениот прекин со водоснабдување поради дефект на Црногорска oдложен за утре

Водоводниот дефект на улица „Црногорска” поради технички причини се одложува за утре, соопшти попладнево јавното претприајтие „Водовод и канализација”.

Без вода утре ќе бидат корисниците од улиците „Црногорска”, „Кузман Шапкарев”, улица „1223″, „Гостиварска”, „Кадињача”, „Андон Папрадишки”, „Александар Македонски”, „Љубин”, „Андреј Зографски”, „Смилевска”, „Панајот Гиновски”, „Жеденска”, „Островска”, „Драговити” и дел од „Борис Серафов”.

Прекинот е најавен за во 11 часот,а ќе се работи на уличен дефект на водоводна мрежа Ф 150мм. на улица „Црногорска” 2.

Треба да знаете
Последни објави