Новата српска влада ќе има три нови министерства или вкупно 24 ресори, два до три министри без портфељ, 6 нови лица и околу 50 отсто од министрите ќе бидат жени, изјави денес мандатарот за состав на владата Ана Брнабиќ на прес конференција по седница на претседателството на Српската напредна странка (СНС).
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, од досегашните минстри, најголемо изнендаување е замената на ресорита на досегашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во министерството за одбрана, ресорот кој досега го водеше Александар Вулин, кој доаѓа на неговот место за прв човек на полицијата. И Зорана Михајловиќ го менува ресорот и ќе биде министер за рударство и енергетика. Министрите Синиша Мали, Јадранка Јоксимовиќ, Златибот Лончар, Бранислав Недимовиќ и Вања Удовичиќ ги задржуваат своите ресори-за финсии, евроинтеграции,здравство, земјоделство и спорт.
За нов министер за надворешни работи предложен е досегашниот шеф на кабинетот на српскиот претседател, Никола Селаковиќ, а нови имиња се и Маја Гојковиќ, досегашниот прв собраниски спикер која ќе биде министер за култура, Маја Поповиќ, сегашен советник во БИА за министер за правда, Ирена Вујовиќ за министер за животна средина, а заменик директорката на Батут, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, ќе го добие ресорот за труд, вработување, ветерани и социјални прашања.
Нова личност во српската влада е и Гордана Чомиќ, поранешен пратеник и до изборите поранешен член на опозициската Демократска странка (ДС), која како непартиска личност го добива новото министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог.
Новото Министерство за семејна грижа и демографија ќе го води новинарот Ратко Дмитровиќ, а министер за грижа на селата ќе биде Милан Кркобабиќ.
Како што изјави Брнабиќ, нови лица се и идната министерка за стопанство-Анѓелка Атанацковиќ, министерот за градежништво и сообраќај-Томислав Момировиќ, министерката за трговина и туризам-Татјан Матиќ, миниситерката за правда-Маја Поповиќ и министерката за државна управа-Марија Обрадовиќ.
Лидерот на СНС, српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата изјави дека нивниот коалционен партнер Српската социјалистичка партија (СПС), „поради внатрешни недорзбирања сеуште го нема одредено името за нов министер за образование и две до три имиња за министри без ресор”, додавајќи дека ова ќе биде „влада на политички континутет”.
Тој како цели на новата влада ги означи борбата против мафијата, раст на економијата, Косовскиот дијалог-кој тој ќе го води, евроинтеграциите.
-Србија ќе ги спроведе сите вредности кои ги имаат спроведено членките на ЕУ, но нема да спроведе нешто што ќе и биде наметнато да го направи, она што ниту една членка на ЕУ го нема направено, а се бара од Србија, кажа Вучиќ.
Тој посочи дека една од задачите на новото министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог е дијалогот не само со партиите, туку и со сите другу од граѓанскиот сектор, бидејќи, како што кажа „со гадови како што сум јас, како што ме нарекуваат, неќат да преговараат.”