Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев молчи и не кажува дали ги распродава Гоце Делчев и македонскиот јазик?! Зоран Заев мора да престане да бега и да каже што ветил во Бугарија и што сега треба да исполни! Зоран Заев мора да излезе и јасно да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик!
Повели Заев излези и кажи го твојот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик?
Македонија не е пазар, а македонското културно и историско наследство и јазик не се фирмите на Заеви па да се распродаваат по сопствена волја на Зоран Заев.
Зоран Заев мора да излезе и да каже дали се вистините наводите на историчарите кои што тврдат дека Македонија треба да прифати и вина за депортацијата на македонските евреи кои што беа однесени во логорот Треблинка?!
Македонскиот народ е дел од антифашистичката коалиција, дел од народите кои што го возобновија светот по втората светска војна.
Зоран Заев нема право да менува историски вистини и да ја понижува Македонија, ниту пак македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија која што е интегрирана во НАТО и ЕУ, слободна и демократска, идеи кои што се темел на ЕУ. Токму затоа ние сме за отпочнување на преговорите со ЕУ, бидејќи тоа се темели на нашиот стремеж како народ за слободна, демократска и интегрирана држава.
Уште еднаш потенцираме дека доколку Зоран Заев прифати нешто кое што би значело распродажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, таа одлука веднаш ќе биде поништена со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и нема никогаш да го почитуваме таквиот договор.“