Хабиб Нурмагомедов вечерва го победи Џастин Гејџи покажувајќи дека е апсолутен шампион во УФЦ, а потоа реши да стави крај на кариерата. Хабиб во спортска пензија заминува со 29 победи во исто толку меча и останува запамтен како никогаш поразен.
Претседателот на УФЦ Дана Вајт откри дека Хабиб Нурмагомедов имал скршеница на ногата три недели пред УФЦ 254.
-Тој се бореше вечерва иако пред три недели скрши два прста и коска во стопалото. Сречни сме што воопшто имавме можност да го гледаме за последен ат, рече Вајт.
Многу спортисти му посакаа среќа на Хабиб, а се огласи и Конор Мекгрегор. Ирецот кој минатата година имаше контроверзна борба против Нурмагомедов и беа големи ривали во текот на изминативе години, овојпат реши да даде почит кон ривалот.
„Одличен настап. Јас продолжувам таму каде што застана. Почитување и уште еднаш сочуство поради смртта на твојот татко. Семејство Мекгрегор“, стои во пораката на Конор.
Good performance @TeamKhabib.
I will carry on.
Respect and condolences on your father again also. To you and family.
Yours sincerely, The McGregors.— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 24, 2020