Англискиот шампион, Ливерпул потешко од очекувањата со 2-1 славеше победа на „Енфилд“ против Шефилд Јунајтед во рамки на 6. коло од Премиерлигата.
Неочекувано, гостите поведоа во 13. минута, кога Фабињо направи пенал, а Берге од 11 метри го совлада Алисон. Мајк Дин најпрво досуди слободен удар на работ од казнениот простор, но ВАР „пресуди“ во корист на Шефилд и досуди пенал.
Ливерпул веднаш тргна офанзивно да го израмни резултатот, па Фирмињо во 41 минута го врати резултатот егал.
На почетокот на второто полувреме Салах се закани од далечина, а веднаш потоа постигна погодок. Во 63. минута Салах погоди, но ВАР го поништи голот, но набрзо потоа, Жота ја затресе мрежата на гостите со одличен центаршут на Мане и му донесе победа на Ливерпул. Салах имаше зицер до крајот, стори сé што е добро, но погоди статива.
Двете екипи имаа можност до крајот да го променат резултатот, но сепак мечот заврши со конечни 2-1.
Ливерпул сега е втор на табелата со 13 бода исто колку што има и Евертон, но „карамелите“ имаат подобра гол разлика и меч помалку од соседите.
Шефилд моментно е претпоследен со само 1 освоен бод.