Возачот на Формула 2, Мик Шумахер, син на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, прокоментира дали е подготвен да ги следи стапките на неговиот татко до пробив на највисоко ниво во мотоспортот.
Мик е лидер во рангирањето на Формула 2, и веќе има освоено една титула во Формула 3 во својата кариера.
– Се чувствувам апсолутно подготвен за следниот чекор. Не кријам дека Формула 1 е мојот сон. Ако добијам можност во 2021 година, нема да се откажам од тоа. Што се однесува до мојот стил на возење, тешко ми е да зборувам за тоа. Многу зависи од машините. Тешко ми е да кажам дали мојот стил е сличен на оној на татко ми, изјави младата надеж на Германија во мотоспортот.