Францускиот фудбалски препрезентативец од редовите на англискиот премиерлигаш манчестер јунајтед Пол Погба експресно одговори на медиумските пишувања дека се повлекува од репрезетнација на „триколорите“ поради изјава на претседателот на државата Емануел Макрон. Тој во објава на Инстаграм на фотографијата со веста за повлекувањето која инаку ја објави „The Sun“ залепи текст „лажна вест“. Погба потврдува дека останува во француската репрезентација и дека секогаш ќе биде на располагање кога селекторите ќе сметаат на неговите услуги.
Текстот што ја разбранува јавноста тврдеше дека Погба се откажал од репрезентацијата поради изјавите на претседателот Макрон дека Исламот е извор на интернационалниот тероризам. Како извор на информацијата во текстот беа именувани „различни медиумски извори од Блискиот исток“.