Американски научници успешно гo уништија првото гнездо на гигантски азиски стршлени откриени во американската држава Вашингтон, благодарение на уред за следење поставен на некои примероци. Гнездото на стршлените со помош на вакуум било извчечено од стебло на дрво.
Станува збор за опасен инвазивен вид инсекти, кој важи за најголемиот вид на стршлени во светот, со дијаметар на крилата од 7,6 сантиметри, пишува Би-би-си.
Само неколку од овие опасни инсекти можат да уништат легло на пчели за неколку часа и да убијат стотици пчели пред да го заземат нивното живеалиште.
Телото им е долго 5 сантиметри, а освен што ги уништуваат пчелите, тие се опасни и за луѓето, кои ги напаѓаат во одбрана. Повеќе убоди може да бидат фатални дури и за луѓе кои не се алергични.
Нивниот отровен убод може да навлезе и преку заштитна облека, но на глобално ниво бројот на луѓе што ги убиваат секоја година е релативно низок. Според вашингтонскиот музеј Смитсонијан, секоја година во Азија како последица од убодот гинат меѓу 30 и 50 лица. Нивното природно живеалиште е на подрачјето на Азија, од Кина до Јапонија.
Стршлените убијци за прв пат беа забележани во Канада во август 2019 година, а неколку месеци подоцна, во декември 2019 година, овие инсекти се појавија и во американската држава Вашингтон.
In true 2020 fashion, our last video accidentally had several minutes of black screen at the end. Here's what we meant to post of the #AsianGiantHornet nest found in a tree cavity in Whatcom County. pic.twitter.com/f1vO8qxmly
— Washington State Department of Agriculture (@WSDAgov) October 23, 2020