Ана Хакобјан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска објави дека по воената обука, таа и уште 13 жени ќе заминат во Нагорно-Карабах.
„Од утре, чета од 13 жени, вклучувајќи ме и мене, ќе започне воена обука. За неколку дена ќе почнеме да помагаме за заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина, ниту нашето достоинство нема да му се предадат на непријателот“, напиша таа на својот профил на „Фејсбук“.
Да потсетиме, претходно беше објавено дека синот на премиерот на Ерменија, Ашот Пашинијан, оди во Нагорно-Карабах, каде што траат борбите со Азербејџан за оваа спорна енклава.
Ана Хакобјан тогаш изјави дека нема ништо поблагородно од давањето на својот живот за татковината.