Американската глумица Кејт Бекинсејл и канадскиот рапер Гуди Грејс ја прекинале својата љубовна врска, открива неименуван извор за списанието „Пипл”.
– Тоа не е голема работа за Кејт. Сепак, прекрасно беше тоа што го имаше (Гуди) во близина за време на корона-изолацијата. Тој, пак, е млад и има други приоритети и, таа целосно го сфаќа него, вели анонимниот пријател.
Момчето е 24 години помладо од актерката и многу нејзини обожаватели го сметаа тоа за куриозитет.
Љубопитните истражувачи забележале и дека Бекинсејл го избришала нејзиниот коментар на Инстаграм за неговиот 23-ти роденден во јуни, каде што таа вели „те сакам”. Во јули, и тој ѝ возвратил со слична порака.