Милан и Рома одиграа 3:3 во понеделничкото дерби во петтото коло во Серија А, во меч одбележан од ветераните, но и од два помалку контроверзни пенали.
Резултатот беше отворен уште по 100 секунди, а стрелец, кој друг, ако не брилијантниот Златан Ибрахимовиќ. Гостите, сепак, брзо се вратија во игра, откако Един Џеко рутинерски ја искористи големата грешката на резервниот голман на миланезите, Циприан Татарушану, кој принудно се најде меѓу стативите на местото на зарезениот со коронавирусот, Донарума.
Второто полувреме беше уште поефикасно. Алексис Саелемекерс повторно по нецели две минути донесе 2-1 за Милан, а Џордан Верету во 71. минута вторпат на Рома ѝ носи изедначување по ептен сомнителен пенал. Осум минути подоцна, исто од белата точка, Ибрахимовиќ го постигнува вториот погодок, а Мараш Кумбула во 84. минута го постави конечниот резултат.
„Росонерите“ остануваат лидери на табелата по пет кола со 13 бодови, два повеќе од Наполи и Сасуоло, додека Рома со осум бода е на деветата позиција.