Хрватскиот премиер Пленковиќ повторно тестиран за коронавирус

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ повторно е тестиран за да се провери дали е инфоциран со коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми. И новиот тест на првиот човек на хрватската валада е негативен. Пленковиќ направил тест откако бил во контакт со министерката за туризам  и спорт Николина Брњац, кој е позитивна на коронавирусот.

Ова не е првпат Пленковиќ да биде тестиран за да се провери дали е заразен од коронавирусот и секогаш неговите резултати биле негативни. Во хрватската влада засега се мерки за самоизолација му се одредени  на министерот за труд и пензиски систем Јосип Акладровиќ и на министерот за економија и одржлив развој Томислав Чориќ, кои на владината седница седеле покрај инфицираната Брњац.

 

Треба да знаете
Последни објави