Долгот е значително намален од 2017 година кога тој изнесува околу една милијарда евра, рече Фатмир Битиќи одговарајќи на новинарско прашање поврзано со долгот на државата од околу 300 милиони евра кон стопанството и како тие средства ќе се исплатат кон компаниите.
– Се согласувам дека средствата не се мали, секако ние сме свесни во овој момент на криза подмирувањето на договорните обврски е едно од највисоките приоритети и во ребалансот на Буџетот, ние укажавме дека ќе се поддржат сите буџетски ставки и сите интитуции кои што директно се во кореалација со приватниот сектор и услужниот сектор. Сите сме свесни за тоа и сметам дека проблемот треба системски да се реши, и наредните години ќе работиме токму на тоа, а тоа е како ќе можеме не само приватниот сектор да биде дел од Законот за финансиска дисциплина, туку и јавните институции – вели Битиќи.
Тој додаде дека ова треба да се промени, кое што беше правило во изминатите 30 години, кога приватните компании имаа проблеми при наплатата на долговите од државата, поточно од јавните институции.