Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 6.503 лица, од кои позитивни биле 341, а едно лице починало. Бројот на хоспитализирани е 768 пациенти.
Според последните податоци на српското Министерство за здравство и Институтот „Батут“, на апарати за дишење се приклучени 39 пациенти во болниците низ Србија.
Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Србија е 39.827, додека од почетокот на епидемијата биле тестирани 1.289.519 лица.еден починат