Делови од Скопје поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска ќе бидат без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без струја, во различни временски периоди, ќе останат корисниците во неколку населби во Скопје, информира ЕВН.

Во периодот од 08:30 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Герника” (општина Кисела Вода).

Без електрична енергија во период од 10:30 до 13 часот ќе бидат корисниците на улица „Алжирска” од број 1 до број 33 (општина Карпош).

Во периодот од 11 до 13:30 часот струја ќе немаат корисниците од бул. „АСНОМ” броевите 36, 52, 54, 56, 58, 114 и број 116 (општина Аеродром).

Без електрична енергија во периодот од 11:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел на село Долно Соње и место викано Спас (општина Сопиште).

Треба да знаете
Последни објави