Мајкл Бакари Џордан сака да ја прошири својата кариера, влегувајќи во разговори за да го направи своето режисерско деби во „Крид 3“ за „МГМ“.
33-годишниот актер во 2015 година го глумеше ликот на Адонис Крид, син на Аполо Крид, во продолжението на оригиналниот „Роки“ филм.
Додека претходно беше објавено дека се работи на трето продолжение на „Крид“, и дека Зак Бајлин („Кралот Ричард“) ќе го напише сценариото, порталот „Дедлајн“ го најави можниот ангажман на Џордан.
Ако Џордан всушност го преземе кормилото, тој ќе ја продолжи традицијата на серијалот да има различен режисер за секое продолжение.