Целосна поддршка и солидарност за претседателот на Франција Емануел Макрон и за францускиот народ изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален твитер-налог по изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Личните навреди кон претседателот Макрон и говорот на омраза кон Франција од страна на турското раководство е неприфатливо, ја разгорува верската омраза и го нарушува мирниот соживот. Целосна поддршка и солидарност за Емануел Макрон и францускиот народ, кои и понатаму жалат за грозоморното злосторство, напиша Мицотакис на Твитер.