Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 17.347 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата.
Во моментов има 358.959 активни случаи, додека од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 1.531.224 заразени лица.
Во последните 24 часа починале 219 лица, а закрепнале 7.574 пациенти.
Најмногу заразени има во Москва (5.224), Санкт Петербург (715) и во Московскиот регион (499).
Во Москва, како дел од мерките за борба против коронавирусот, на луѓето со треска ќе им биде забранет влез во јавниот превоз, објавија градските власти.
На автобуските и метро станиците се поставени апарати термовизори што ја покажуваат температурата на патниците. Доколку температурата е покачена, на патникот нема да му биде дозволено да влезе во возилото.
Во текот на изминатата недела, инсталирани се повеќе од 400 термовизории на сите метро станици.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ситуацијата со ширењето на Ковид-19 во Русија е тешка и дека претседателот Владимир Путин добива информации од сите региони.