Министрот за здравство, Венко Филипче најави дека утринава е веќе одржан состанок со Лекарската комора, а за в среда закажан е и состанок на кој ќе се разговара за вклучување на приватните интернисти во процесот за справување со коронавирусот.
„Се мобилизираат лекарите. В среда ќе одржиме состанок со приватните интерснисти кои се 56 на број. Половина од нив се од Скопје, а останатите од други градови. Ќе разговараме за нивно вклучување во системот на дежурства“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.