Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови.
Од новорегистрираните случаи, во Скопје се 116, во Куманово четири, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и Ресен-2.
Според Институтот за јавно здравје, од 321 оздравен пациент од Скопје се 189, од Куманово 12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-7, Кавадарци-5, Гостивар-3, Гевгелија-7, Струмица-16, Крива Паланка-6, Кочани-11, Пробиштип-2, Берово-3, Валандово-5, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-1.
Од починатите 15, двајца пациенти се од Скопје (73 и 78 години), еден е од Куманово (68), тројца се од Тетово (60, 70 и 77), двајца од Струга (73 и 75), еден од Велес (58), еден од Охрид (69), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (71), еден од Гевгелија (76) и двајца пациенти се од Кочани (49 и 68). .
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27 199, бројката на оздравени пациенти е 18 948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 11592, активни 3490
• Куманово 2128, активни 322
• Дебар 321, активни 56
• Штип 1560, активни 204
• Прилеп 1110, активни 324
• Тетово 1932, активни 406
• Струга 785, активни 82
• Велес 514, активни 155
• Битола 550, активни 187
• Охрид 615, активни 170
• Кавадарци 431, активни 172
• Гостивар 1115, активни 150
• Гевгелија 332, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 742, активни 424
• Крива Паланка 207, активни 72
• Радовиш 203, активни 76
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 648, активни 203
• Пробиштип 164, активни 32
• Демир Хисар 73, активни 11
• Македонски Брод 101, активни 5
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 192, активни 53
• Валандово 92, активни 35
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 66
• Кичево 487, активни 124
• Ресен 226, активни 55
• Неготино 121, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 737 теста се преку: ИЈЗ-241, ЦЈЗ Скопје-42, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори) -146, Систина со PCR метода -142 , лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-24, Инфективна клиника-4, ГАК-9, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 146 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 позитивни мајки, 5 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември” има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 171
• Гази Баба – 437
• Аеродром – 675
• Карпош – 528
• Центар – 508
• Кисела Вода – 413
• Ѓорче Петров – 287
• Бутел – 157
• Шуто Оризари – 28
• Студеничани – 9
• Сарај – 23
• Арачиново – 10
• Илинден – 60
• Сопиште – 31
• Чучер Сандево – 15
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 86.