Од Франција пристигнуваат инфорамции кои ги пренесуваа англиските медиуми дека играчот на Манчестер јунајтед Пол Погба ќе престане да настапува за репрезентацијата на „триколорите“ поради изјавата на претседателот Емануел Макрон против муслиманите.
По грозоморното убиство за францускиот професор од страна на исламски екстремист, претседателот на Франција даде изјава која навреди многумина муслимани.
Емануел Макрон рече: „Единството и цврстината се единствените одговори за монструозноста на исламскиот тероризам“.
Голем дел од муслиманскиот свет ваквата изјава ја протолкува како лична навреда. Голем дел од нив најавија бојкот на француските производи. Се навреди и Пол Погба кој ветил дека веќе нема да игра за француската репрезентација.
Засега ниту Погба ниту Фудбалската федерација на Франција официјално не потврдиле дека фудбалерот се откажува од националниот тим.