Првиот тениски светски рекет Новак Ѓоковиќ почна уште една 292. недела како лидер на АТП листат. Во наредниот период српскиот тениски ас има шанса да урне два рекорди – бројот на недели минати на првото место и бројот на години како завршува како најдобар тенисер на светот.
Најмногу недели поминати на врвот на АТП листата, 310 има поминато Швајцарецот Роџер Федерер. Вториот примат на кој атакува српскиот тенисер му припаѓа на неговиот идол Американецот Пит Сампрас, кој шест години завршуваше како прворангиран на ранг листата.
Единствено сценарио кое ќе го спречи Србинот да ја оствари целта е да биде поразен пред полуфиналето на турнирот во Виена, а потоа да не добие ниту еден меч на завршниот турнир во Лондон. Неговиот ривал Шпанецот, Рафаел Надал ќе треба да ги освои трофеите.
Рекордот на Федерер, би бил надминат во март наредната година. Ѓоковиќ не ја крие желбата да го направи овој подвиг во месеците кои доаѓаат.