Економијата во време на корона кризата е најпогоден сектор, преку намалување на приходите, отпуштањата и рестрикциите. Во Студио 10 беше Фатмир Бетиќи вицепремиер за економски прашања, кој истакна дека во време на кризата, дека последиците на економски план се чувствуваат зошто сите прогнози не одат на добро.
„Финансискиот капацитет кај сите не е ист и ние не сме членка на ЕУ, иако таа ни дава одредена финансиска помош, но далеку од онаа што ја добиваат земјите-членки. Ние мора да покажеме дали тие сретства одат за ублажување на кризата.“ – рече Битиќи.
Во однос на ребалансот на буџетот, Битиќи рече дека третиот и четвртиот пакет на мерки се временски подолг период зошто сакааат да креираат мерки кои ќе имаат диретни финансиски импликации и толку околу износот се разидувале со опозицијата. Со ребалансот имаа финансиска поддршка за плати до декември.
„И во јануари ќе бидат истите потреби и веќе во буџетот за 2021 зборуваме за какви се мерки ќе продолжат во наредниот период и за тоа разговараме со Стопанските комори и синдикатите.“ – рече Битиќи.
Битиќи рече дека фирмите кои еднаш ја злоупотребиле државната помош добиле кривична пријава, а истите компании ги имаат подмирено обврските, може повторно да аплицираат. Има три заштитни механизами во новиот закон. Тие кои нема да ги исплатат платите, ќе добијат прекршочна казна и кривична пријава и ќе треба да ги вратат парите, рече Битиќи. Во исплатата на плати има дополнителен механизам, дека износот на финансиската поддршка, фирмите се должни да ја исплатат најмалку минималната плата.
Во врска со назначувањето на директорите на јавните институции, Битиќи се осврна на самиот избор во услови на непостоење на конкурси. Тој вели дека има конкурси кои се објавуваат и сите одлуки се поврзани со поставување на в.д. директори.
Во однос на процесот на приватизацијата на Македонска пошта и други компании кои се дел од тој процес, Битиќи рече во наредните три месеци се очекува резултат за компаниите кои ќе се понудата на продажба. Словенците рекоа дека размислувале за Македонска пошта, но имале сопствен пример за реструктуирање на сопствената пошта.