Јужнокорејскиот бенд „НЦТ“ се најде на удар на критики поради користењето слики на исламско светилиште како позадина за време на неодамнешниот настап – последно во низата обвинувања за присвојување на култура и религија изнесени против овој бенд.
Во неделата, бендот изведе нова песна Make A Wish (роденденска песна) на локалното музичко шоу „Инкигајо“, пропратено со визуелни содржини кои некои фанови на социјалните мрежи брзо ги идентификуваа како храмот на Имамот Хусеин, што е и џамија и гроб на Хусеин ибн Али – третиот имам или водач на шиитски ислам и кој бил внук на пророкот Мухамед – во градот Карбала во Ирак.
На сцената можеше да се види и уметничка изведба на религиозен текст од светилиштето, што предизвика загриженост кај љубителите на делото, и кај муслиманите и други.
Креативната тема на Make A Wish започна да привлекува внимание дури и пред објавувањето на песната на 12 октомври, кога генерички слики од Блискиот исток, Индија и Арабија почнаа да се појавуваат на најавните фотографии.
Снимки од музички спотови и настапи прикажуваат членови на бендот како носат турбани или изведуваат мудри, свети гестови од религии, како хиндуизам и будизам, што ги вознемири фановите кои веруваат дека бендот не ги почитува странските култури.