Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија”.
Целта на овие измени, како што информира владината прес-служба, меѓу другото е и да се овозможи електронското издание на службеното гласило да добие официјален карактер, со што воедно и ќе се намалат трошоците за печатење на изданието и ќе се забрза постапката за активирање на одлуките и прописите на Владата во интерес на граѓаните и стопанството.