Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас по два негативни теста на Ковид 19, окако паузираше три недели од денеска доби дозвола да тренира со првиот тим на италјанскиот калчолигаш Наполи. Елмас и Пјотр Зиелински беа првите играчи на Наполи кои имаа позитивни тестови по првенствениот меч со Џенова.
Денеска Наполи објави слики од најновите тренинзи, во кои се наоѓа и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Оваа вест е добродојдена за тренерот на Наполи, Џенарот Гатузо и македонскиот селектор Игор Ангеловски пред ноемврискиот обврски, најпрво во финалето од Лигата на нации за пласман на ЕП прптив Грузија, а потоа и мечевите од новот издание во групата од истото натпреаврување.