Марк Ентони има нова дама во неговиот живот, sвездата на популарното реално шоу „Жените на НБА-кошаркарите“, Евелин Лозада, и тие се дружеа во неговата палата во Мајами.
Педесетгодишниот пејач и ТВ-ѕвезда (44) се запознале пред неколку месеци, пишува „Д Бласт“.
Ентони, наводно, ги поканил Лозада и нејзините две деца, ќерката Шанике Харисон (27) и синот Карл Лео Крафорд (6) во својата вила.
Нивната врска најпрво беше откриена од корисници на социјалните мрежи, кои забележаа дека позадината на нивните објави на Инстаграм е иста.
Ниту Ентони ниту Лозада досега не ја коментираа врската јавно, а Лозада се врати дома.
Ентони претходно беше во брак со Дајанара Торес од 2000 до 2004 година, и имат три деца, Чејз (25) Кристијан (19) и Рајан (17).
Тој исто така има 26-годишна ќерка со Деби Росадо.
Ентони беше во брак со Џенифер Лопез од 2004 до 2014 година. Тој има близнаци со Лопез, Ема и Максимилијан (12).
Пејачот беше во брак со Шенон Де Лима од 2014 до 2017 година.