На 26.10.2020 во 10.50 часот било пријавено дека во Битола, при вршење на ископ кај старата трибина од стадионот под „Тумбе Кафе“, во правец кон старата касарна, биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, истите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.