Полковникот на ерменската армија Сергеј Шакарјан е убиен во акција на азербејџанската армија, тврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Министерството во Баку објави дека во текот на 26 и 27 октомври, ерменските воени страни го прекршиле договорот за прекин на огнот, користејќи разновиден арсенал на оружје, пренесе агенцијата „Азертак“.
„Борбите продолжија во три града, а нападите на ерменската армија беа одбиени, па непријателот се повлече и претрпе човечки загуби“, додава азербејџанското Министерството за одбрана.
„Како резултат на акцијата спроведена од нашата армија, уништен е командниот пункт на 18-та моторизирана дивизија на ерменските вооружени сили. Меѓу загинатите е и полковникот Сергеј Шакарјан, началник на штабот на дивизијата”, соопшти министерството.
Според инзвештајот, покрај човечките загуби, ерменската армија загубила и еден тенк, 27 хаубици, еден противавионски ракетен систем, радарска станица и шест теренски возила.