Предвидените десет легла за пациенти позитивни на Ковид 19 во Интерното одделение во Струшката Општа болница се исполнети.
Во моментот, како што информира директорот Мухамед Асани, хоспитализирани се 13 пациенти.
– Единаесет се позитивни на Ковид 19, а двајца пациенти чекаат резултати. На Интерното одделение беа планирани 10 кревети, но се снаоѓаме. Ја чекаме монтажната болница. Додека да стигне се трудиме да се прилагодиме според потребите, изјави Асани за МИА.
Тој посочи дека имаат и други опции за преадаптација на други одделенија од болницата за болни од Ковид 19. – Изнаоѓаме алтернатива за згрижување на пациенти со потешка слика, нагласи Асани.
Општата болнца – Струга нема Инфективно одделение, па заразените со коронавирус од Струга и Струшко се хоспитализираат во посебен дел во Интерното одделение, кое расолага со 30 легла, а за болни од Ковид 19 предвидени беа 10 кревети.