Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство.
Ова е најголем број на заразени лица на дневна основа од почетокот на пандемијата во Италија.
Во соопштението се наведува дека починале уште 221 лице и ова е првпат од средината на мај повеќе од 200 лица да починаат во Италија.
Од почетокот на пандемијата во оваа земја починале 37.700 луѓе, а вкупно заболеле 564.778 лица.