Министерот Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма објасни дека една од причината зошто Македонија има висока стапка на смртност од корона вирусот е тоа што Македонија ги пријавува апсолутно сите пациенти кои починале, а биле позитивни на Ковид-19 се бројат во таа статистика.
-Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите случаи. Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај, рече Филипче.