Факт е дека есенскиот бран со коронавирус подрани, но не е точно дека ние не бевме подготвени“, изјави епидемилогот и претседател на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во интервју за МРТ.
-Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни. Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани. Моментално, ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите – вели Караџовски.
Тој вели дека е разочаран од населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на коронавирусот.
-Ние се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките – изјави Караџовски, додавајќи дека најголем дел од заболените доцна доаѓаат на клиника, а, како што рече, десетина случаи починале на пат, влез или при самата хоспитализација на Инфективните одделенија.