Љупчо Николовски е негативен на ковид-19. Тој ова го објави на Фејсбук откако во неделата СДСМ одржа конгрес на кој присуствуваше и неговиот сопартиец и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на ковид-19.
– За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето. Но, поради природата на мојата работа се тестирав за ковид 19 и тестот е негативен. Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во борбата против коронавирусот, напиша Николовски.