Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица, далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време побара најмногу пет гости да ги посетуваат луѓето во нивните приватни домови.
Соопштението на премиерката Ерна Солберг дојде пред традиционалните божиќни забави што ги одржуваа компании, здруженија и приватни лица низ Норвешка. Традиционално се собираат во пресрет на Божиќ кога Норвежаните го слават Јуле.
Новите ограничувања стапуваат на сила на полноќ и ќе важат до почетокот на декември, но може да се продолжат доколку е потребно.Норвешка има 17.908 потврдени случаи на Ковид-19 и 279 смртни случаи, пренесува Асошиејтед Прес.