Многу области во Јужен Судан се поплавени од јули, нивоата на реките сè уште се зголемуваат со што ја влошуваат кризата, предупреди денеска организацијата Лекари без граници.
Големите поплави во Јужен Судан директно ги засегнаа животите на околу 800.000 луѓе, оставајќи ги без храна, вода и засолниште, соопшти организацијата.
– Многу области во Јужен Судан се поплавени од јули, додека нивото на реките продолжува да расте, влошувајќи ја кризата, соопшти меѓународната медицинска хуманитарна организација.
– Поплавите оваа година се одвиваат во екот на многу вонредни ситуации, вклучувајќи го и Ковид-19, засилено насилство, растечка економска криза и високо ниво на несигурност во снабдувањето со храна, изјави Ибрахим Мохамад, шеф на мисијата на лекари без граници во Јужен Судан.