Преку „мЗаедница“ до полесно оставрување на правата во Карпош

Унапредување на мобилната апликација „мЗаедница“ и можност граѓаните да остваруваат преку истата различни права, беше една од темите на разговор на денешната работна средба меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и извршниот директор на Центарот за социјални иновации, „Блинк 42 – 21“, Милан Танчески.

Имено, тие денеска и го продолжија меморандумот за соработка во врска со мобилната апликација, која е активна повеќе од една година. Сите граѓани кои поседуваат паметен телефон можат да пријавуваат проблеми, да даваат предлози и иницијативи за Карпош преку електронски пат.

Апликацијата добива додадена вредност, затоа што преку истата жителите ќе можат да аплицираат и за субвенции за велосипеди или е – тротинети, за еднократна помош за новороденче и други услуги. „Мзаедница“ во периодот што претстои ќе биде надградена со овие формулари за апликација. На овој начин, граѓаните од Карпош по електронски пат ќе можат да остваруваат свои права, без да доаѓаат со физичко присуство во општината.

Основната цел е да се обезбеди рационализација на времето, а и во време на светска пандемија да избегнеме создавање на метеж.

Сите граѓани на Општина Карпош, оваа мобилна апликација можат да ја преземат на следните линкови:

App Store: https://apple.co/2SbERqJ

Google Play: https://goo.gl/Y9qhpE

Треба да знаете
Последни објави