Раководството на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен е заинтересирано да ангажира како тренер на тимот Зинедин Зидан. Претставници од парискиот клуб веќе го контактирале тренерот на Реал Мадрид. Средбите се случиле во последните неколку недели, објави „Okdiario”.
Четириесет и осумгодишниот Зидан се врати на тренерската клупа кај Реал во 2019 година и веќе следната година му донесе титула од шпанската Ла Лига.