Седум луѓе загинаа во синхронизирани напади во близина на базата на специјалните полициски сили во авганистанската провинција Кост.
Нападот почнал со експлозија на автомобил-бомба, па уследила престрелка, а потоа бил извршен уште еден самоубиствен напад.
Во нападот повредени се околу 30 луѓе.
Авганистанската Влада и понатаму се бори против талибанците и покрај тоа што во Катар се одржуваат мировни преговори.