Турските власти уапсија денеска во Анкара седуммина осомничени членови на екстремистичката група Исламска држава, кои подготвувале напади, истакна јавниот обвинител на Анкара.
Уапсените подготвувале напади за турскиот национален празник на 29 октомври и за 10 ноември, датумот на комеморацијата на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската република.
Двајца од осомничените учествувале во оружени судири во Сирија. Засега не се открива идентитетот на уапсените лица.
Во годините по почетокот на судирите во Сирија во 2011 година, Турција беше едно од главните транзитни места за екстремистите, кои настојувале да заминат во Сирија.
Турција во 2015 и 2016 година беше мета на повеќе напади од страна на ИД, а во последниот загинаа 39 луѓе, главно странски државјани, кој се случи во дискотека во Истанбул за време на новогодишната ноќ во 2017 година.