Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, поднесе кривична пријава против десничарскиот холандски политичар Герт Вилдерс, лидер на Партијата на слободата во Холандија, која е од радикалната десница, поради навредлив твит, пренесува „Анадолија“.
Terrorist. pic.twitter.com/jxdnDhk9ti
— Geert Wilders (@geertwilderspvv) October 24, 2020
Во кривичната пријава поднесена од адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин, до Државното јавно обвинителство во Анкара, се наведува дека Вилдерс извршил кривично дело со навредливите зборови насочени кон Ердоган кои не можат да се сметаат за слобода на говорот.
„ Осомничениот Вилдерс, во неговата содржина насочен кон нашиот прв, дирекно претседател, користеше изрази на навреда на честа и достоинството на нашиот претседател и го изврши злосторството јавно напаѓајќи ги неговата личност, достоинство и углед. Во овој контекст, бараме да се спроведе истрага против обвинетиот “, наведено е во жалбата.
Во кривичната пријава се потсетува дека според Членот 104 од Уставот на Турција, претседателот ја претставува Турција и единството на турскиот народ. Од оваа причина, иако кривичното дело е направено против лице, а не против функцијата претседател, кривичното дело навреда на претседателот не треба да се смета за кривично дело извршено против лице.
Во овие рамки, навредата на претседателот, според законодавецот, треба да се смета како навреда извршена против државата.
#CANLI Başkan Erdoğan: Wilders Haddini bil, faşizm sizin kitabınızda var https://t.co/QK2qy6Y4vY pic.twitter.com/tGgH3xaOFP
— Akşam Gazetesi (@Aksam) October 25, 2020
„Фашизмот не е во нашата агенда, туку во твојата. Социјалната правда е во нашата агенда“, рече Ердоган во неделата на состанокот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК) во источната провинција Малатија, нарекувајќи го Вилдерс фашист .
Неговите забелешки уследија откако Вилдерс, познат по својот антиисламски став, сподели на Твитер навредлива карикатура на турскиот претседател, која беше осудена од неколку турски официјални лица, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.