Попладнево, околу 13 часот, избувнал пожар во станбена зграда во центарот на Белград.
Во инцидентот тешки изгореници добило 15-годишно девојче, кое најпрвин било пренесено на Ургентниот центар, а потоа требало да биде пренесено на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.
Според српски „Телеграф“, девојчето некое време викало помош од терасата и врескало.
„Ужас. Гледате и не можете да помогнете. Дојдоа работниците и се качија на деветтиот кат, па ја спуштија од десеттиот на деветтиот. Се слушна нешто што личеше на експлозија, сè пукаше“, рекол еден од сведоците.
Причините за пожарот сè уште не се познати, а на самото место пристигнале итната помош и пожарникари. Делови од покривот паднале, известуваат репортерите на „Телеграф“ од теренот.
Пожарот избувнал во стан на 10. кат од зградата, а станарите биле евакуирани.