Фокусирани на потребите на граѓаните, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, заедно со Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, предводени од СДСМ, со силна динамика продолжуваме во унапредувањето на патната инфраструктура во нашата општина.
Во таа насока, завршена е реконструкцијата на улицата „Лазар Личеноски” во општина Центар, на потегот од Спортско рекреативниот центар „Кале” до крстосницата со булеварот „Никола Карев”.
На оваа делница се изврши реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.
Почитувани,
Како владејачка партија посветено продолжуваме да работиме за развојот и иднината на општина Центар.
Вложуваме во подобрување на патната инфраструктура во градот, работиме уште повеќе за да биде уште подобро.