Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма уштe еднаш покажа дека знае само да излаже, ама не и да сработи нешто.
Дека е се под контрола, Филипче го демантираат и бројките на заразени од вкупниот број тестирани кои одат и над 30 проценти.
Бројот на починати од корона се движи кон илјада.
Македонија се најде и прва на листата на починати лица во 24 часа.
И наместо соодветна здравствена политика во време на пандемија, Филипче се грижи за шминкање на реалноста.
Дали е Филипче свесен дека додека тој е министер има најголем број на смртни случаи предизвикани од некој фактор и влијание по Втората светска војна.
Одговорност за ваквата ситуација мора да има. Филипче единствено нешто што треба да направи е да даде оставка, а најдобра мерка на Владата е да ја прифати неговата оставка.