Принцезата Марта Луиз од Норвешка може да додаде нова титула на својата листа признанија: ТВ-реалити ѕвезда.
49-годишната Марта во понеделникот објави дека моментално снима нова реалити серија насловена „Марта“, која ќе се емитува на норвешката ТВ 2 во 2021 година.
Серијат ќе им даде увид на фановите во нејзиниот личен живот, вклучувајќи ја и нејзината врска со американскиот „духовен водич“ шаманот Дурек.
Принцезата минатата година ја шокираше јавноста кога на социјалната мрежа објави дека е во врска со шаманот Дурек, на кого вистинското име му е Дерек Вaрет (45). Принцезата не кажа како се запознале, но, наводно, се во врска веќе две години.
Британските весници пишуваа дека Марта била привлечена од духовноста на шаманот.
„Јас сум јавна личност, а печатените медиуми пишуваат многу за мене. Оваа серија е можност да го покажам мојот живот на поинаков и нов начин “, рече Марта.
Норвешката ТВ-мрежа им ветува на гледачите „средба како нкогаш порано“ со Марта , следејќи ја внимателно и приватно и на работа.
Таа додава дека, „најважната работа“ што ја прави е да биде присутна за нејзините ќерки 17-годишната Мод, 15-годишната Леа и 12-годишната Ема.
Нивниот татко, Ари Бен, изврши самоубиство на Божиќ, две години откако парот се раздели по 15 години брак.