Скопските пожарникари не го прифатија предлогот на градоначалникот Петре Шилегов за решавање на спорот околу исплатата на додатокот на платите на денешната средба и најавија дека ќе протестираат се додека Град Скопје не почне да им го исплаќа истиот. На пожарникарите со законски измени од 2014 години им е овозможено поради ризичноста на работното место да добиваат додаток на основната плата од 20 отсто. Но ваквиот додаток не им се исплаќал на пожарникарите, па затоа некои од нив и го тужеле Градот.
Пожарникарите ќе се преселат пред канцеларијата на градоначалникот Шилегов, но највија дека нема да ги доведат граѓаните во опасност, бидејќи во секое време во нивната база ќе функционира дежурната чета подготвена за евентуални интервенции.
На средбата во дворот на Бригадата за противпожарна заштита во Автокоманда, градоначалникот Шилегов им објаснуваше на пожарникарите дека овој додаток не може да им се исплати додека не се направат одредени измени во Законот за пожарникарство, а со оние кои поднеле тужби за да се избегната давачките за судските трошоци понуден е почеток на медијација за решавање на проблемот стар 15 години.