– Во повеќе италијански градови се одржаа протести поради владините мерки против новиот коронавирус, а на неколку собири се случиле и судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Весникот „Република” пишува дека ситуацијата во некои градови ескалирала, а за тоа значајно влијаеле екстремистички групи.
Одделни демонстранти ја гаѓале полицијата со петарди и шишиња, а во Милано фрлале молотови коктели и го блокирале сообраќајот.
Ситуацијата е тензична и во Торино, каде демонстрантите фрлале димни бомби, а повреден е еден фоторепортер.
Во Италија се воведени нови рестриктивни мерки поради новиот пораст на бројот на заразени од коронавирус, а некои од мерките вклучуваат ограничено работно време на баровите и рестораните до 18 часот и целосно затворање на фитнес центрите, базените, кино салите и театрите.